215
Претседателот на САД, Џозеф Бајден, во четврток во Белата куќа ќе ги прими лидерите на Шведска и Финска, по повод стремежот на тие две земји да станат членки на НАТО поради руската инвазија на Украина.
Со премиерката на Шведска Магдалена Андерсон и со претседателот на Финска Саули Нинисто, Бајден ќе разговара за барањата на нивните земји за приклучување кон западната воена алијанса и европската безбедност.
Барањата за прием на Шведска и Финска во НАТО, кои долго време беа воено неутрални, имаат широка поддршка во алијансата, додека Турција им се спротивставува.
Средбата треба да се одржи пред четиридневното патување на Бајден во Јужна Кореја и Јапонија.