Русија нема да дозволи да дојд до Трета светска војна, но е во состојба да испрати итен и „супер силен“ одговор во случај да биде нападната, изјави заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев.
Тој рече дека рускиот нуклеарен штит се состои од најсовремен арсенал и најсигурно оружје што ги „лади амбициите на оние кои се подготвени сами или со туѓа рака да ја започнат Третата светска војна“, пренесе ТАС С.
„Нема да дозволиме ваква ситуација, но принудени сме секогаш да велиме и потсетуваме дека во случај на напад врз нашата земја, можеме да испратиме итен и супер силен одговор и да отфрлиме каква било агресија што и се заканува на нашата земја“, додаде Медведев.
Тој рече дека на руската наука и е потребна поддршка во услови на санкции и дека ќе се зголеми увозот на супститути и ќе се започне со производство на домашни решенија, како и обука на специјалисти со висок потенцијал.
Тој посочи дека како клиенти и организатори мора да се вклучат големи државни корпорации и приватни компании.
Медведев потенцира дека Русија е подготвена за научна соработка со пријателските земји.