Конзервативен пратеник е уапсен под сомнение за силување и сексуален напад во период од седум години.
Скотланд Јард во соопштение потврди дека 50-годишен маж е уапсен под сомнение за сексуален напад, силување, недолично однесување на јавна функција, пишува „Скај њуз“.
Осомничениот се уште е во притвор, а истрагата за наводните злосторства што се случиле во периодот од 2002 до 2009 година е во тек.
Прекршоците наводно се случиле во Лондон.
Членот на ториевците, Крис Хитон-Харис, побара од неименуваниот пратеник да се држи настрана од парламентот додека трае истрагата, предводена од службениците на Централната специјализирана служба за криминал.
Ниту полицијата, ниту Конзервативната партија не именуваа вмешан пратеник.
Минатиот месец, „Сандеј тајмс“ објави дека 56 пратеници во моментов се соочуваат со обвиненија кои се движат од давање сексуално несоодветни коментари до посериозни кривични дела.
Борис Џонсон се согласи дека сексуалната злоупотреба ќе биде „основа за разрешување“ на министрите кога зборуваше на прес-конференција во април.