На социјалните мрежи тврдат дека Ријана се породила, се шпекулира за полот на бебето

од Stefanija Kuzmanovska
399 прегледи

На социјалните мрежи се шири веста дека пејачката Ријана се породила и родила момче.

Имено, една личност на Твитер напишала дека Ријана се породила во болницата каде што работи, и дека барала да се испразни целиот кат на оваа институција за да биде сама.

Истата жена во коментарите под нејзината објава напиша дека пејачката родила момче.

Иако ниту Ријана ниту нејзиниот партнер, раперот АСАП Роки не ја потврдија оваа вест, луѓето им честитаа на парот, но имаше и негативни коментари од оние кои мислат дека „одвратно е што Ријана го резервирала целиот кат за себе, додека многу други жени немаат дури и основни услови за време на породувањето“.

Но, имаше и такви кои застанаа на страната на пејачката и напишаа дека ако е тоа вистина, работникот што ја објавил веста „ја нарушува приватноста на Ријана“.

Колку има вистина во сето ова, особено што со месеци се шпекулира дека пејачката чека девојче, останува да видиме.

Слични содржини