179
Министерката за одбрана Славјанка Петровска ги посети припадниците на Армија на Република Северна Македонија распоредени на јужната граница и во сместувачкиот капацитет во Богданци.
-Нашите војнички и војници се секогаш онаму каде што е потребно, секогаш во служба на безбедноста и сигурноста на граѓаните. Нивниот професионализам и врвна обученост беа пресудни за успешното справување со бројни предизвици, вклучително и со мигрантската криза. Токму затоа уживаат најголема доверба кај граѓаните, напиша на својот профили министерката.