Ванила бомбици со кокос

од Stefanija Kuzmanovska
401 прегледи

Состојки:

– 3,5 дл млеко

– 1 пудинг од ванила

– 4 лажици кафеав шеќер

– 1 ванилин шеќер

– 50 гр путер

– 3 лажици кокос

– 240 гр мелени бисквити

– кокос за декорација

Подготовка:

Сварете го пудингот и оставете да се излади.

Во изладениот пудинг по ред додајте ги состојките од списокот и убаво измешајте. Ако не е доволно благо додадете шеќер во прав по вкус.

Оставете во фрижидер да се стегне, па направете топчиња.

Валкајте ги топчињата во кокос.

Од оваа смеса треба да добиете околу 60 топчиња.

Слични содржини