„Макпетрол“ предупредува за нова лажна наградна игра од 10.000 денари

од Nikola Popovski

Компанијата „Макпетрол“ информира за интернет-страници кои што од корисниците бараат да препратат порака на пет онлајн-групи во кои што членуваат или на 20 свои пријатели, лажно тврдат дека е во прашање наградна игра на самата компанија.

-Компанијата категорично ги негира овие тврдења, нагласува дека се работи за лажни вебсајтови и од граѓаните бара да не препраќаат пораки ниту во онлајн-групите во кои што членуваат, ниту на своите пријатели. Во лажните пораки се наведува дека споделувањето носи награда од 10.000 денари, што е целосно неточно, велат од „Макпетрол“ и додаваат лажната наградна игра е пријавена кај надлежните институции.

Од таму појаснуваат дека единствени официјални и активни интернет-страници на компанијата се www.makpetrol.com.mk и www.verna.mk.

-„Макпетрол Ultra“ е официјален профил на Facebook. Традиционално, „Макпетрол“ секоја година ја организира ВЕРНА наградната игра и таа се одвива според сите законски нормативи и процедури. Подвлекуваме дека граѓаните треба да бидат особено внимателни, бидејќи сите пораки кои наликуваат на наведените веб-страници се лажни и на никој начин не се поврзани со „Макпетрол“, истакнуваат од компанијата.

Слични содржини