Не знам дали бугарските власти ќе издржат под притисокот на Европа и САД за спорот. Не се сомневам дека може има притисок и кон нас, но експлицитните изјави се кон Бугарија. Бугарија не држи нас во заложништво. Македонија не е членка. Дури самата бугарска официјална политика е зачудена зошто притисокот е поголем врз нив, отколку врз нас, вели новинарот Љубиша Николовски во емисијата „Само вистина“.
Според него, теориите за притисок се за мали деца.
-Како може Македонија да ја присилиш на нешто? Како можеш една Франција? Не сме од вчера сите. ЕУ си има правила на прием. Да ја истепаме ли Бугарија? Ако имаат уво да чујат ќе слушнат. Проста е работата. Не можам да верувам дека не сме заслужиле. Многу луѓе се радуваа кога Макрон ни стави вето, а сега кога Макрон вели дека сме добра држава, тие тврдат дека лажел францускиот претседател. Лицемерно е, рече Николовски.