МПЦ и СПЦ на заедничка литургија во Белград

од Берта Китинска
202 прегледи

Ја прифативме поканата од српскиот патријарх, односно Соборот на Српската православна црква за да се воспостави евхаристичко единство со сиот православен свет, се разбира со оваа архиерејска литургија што ќе се отслужи утре во Соборниот храм посветен на „Свети Сава“, изјави портпаролчот на МПЦ, владиката Тимотеј.
Литургијата ќе почне денеска во девет часот, а српскиот патријархот Порфириј, како што наведуваат, српските медиуми, го повикал верниот народ во што е можно поголем број да присуствува на архиерејската литургија.

Тој изјави дека со ова се воспоставува единство не само со СПЦ, туку и со останатите православни цркви, а, како што кажа, тоа е еден чекор до очекуваното конечно постигнувањето на посакуваната цел – автокефалност на МПЦ, посочи владиката Тимотеј.

Тој кажа дека до крајот на месецов очекуваат сите православни цркви да го прифатат канонското единство на МПЦ-ОА и да биде потпишан томосот од цариградскиот и српскиот патријарх.

– Сето ова што се случува е чекор напред. Ние баравме автокефалност, вели владиката Тимотеј.

На прашање дали ќе сослужуваат со вселенскиот патријарх тој рече дека архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан му испратил писмо во кое му се заблагодарува за неговиот чекор и ја потврдува поканата дека на Педесетница ќе патува во Цариград.

Зборувајќи за одлуката на Собранието на СПЦ за односите со Македонската православна црква, српскиот патријарх Порфирије рече дека СПЦ се обидува да живее во духот на мирот со сите православни цркви, „иако има и несогласувања и кавги“. Тој посочува дека смета дека тоа се минливи работи.

„Како СПЦ имавме 50 години раскол со браќата од Македонија, со браќата за кои можеме да кажеме дека ни се најблиски. Даде Господ, најнапред преку молитвите, и жртвата што ја дадоа Архиепископот Јован и другите во Охридската Архиепископија, молитвите на припадниците на Македонската православна црква, да се дојде до она што е копнеж и на двете цркви и да се воспостави единство. Да браќата од Македонија се враќаат во единство со нас и со сите други православни цркви“, рече патријархот на средбата на епископите на СПЦ со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Тој додаде: „Ние тоа го доживуваме како чудо и гледаме дека тоа е Божја интервенција и за тоа сме му благодарни на Бога“.

Додаде дека благодарение на односот на државата кон верските заедници, Српската православна црква има слобода и право „да може да бара во други земји и други места, каде што понекогаш сме во ситуација да го немаме она што другите го имаат, и дека овие барањата не се само празни зборови, веќе можеме да укажеме на положбата на религиите и црквите во нашата земја“.

Слични содржини