Џони Деп ја тужи поранешната сопруга Амбер Херд и бара отштета од 50 милиони долари за колумна во весник во која таа тврдеше дека е жртва на семејно насилство.
Адвокатскиот тим на холивудскиот актер Џони Деп, предводен од Камил Васкез, ја обвини неговата поранешна сопруга Амбер Херд дека конзумирала наркотици, го удирала и манипулирала со фотографии, кои потоа ги користела како доказ за наводите за злоупотреба.
Актерката беше вкрстено испрашувана на суд во врска со нејзините обвинувања дека Деп бил насилен под дејство на алкохол и дрога. Адвокатката Васкез презентираше докази дека Амбер е виновна за повредениот прст на Џони бидејќи го удрила со шише вотка.
Меѓу другото, на суд е откриен нивниот заеднички „Љубовен журнал“, поточно „љубовниот дневник“, кој и двајцата си го пишувале.
Во дневникот на 22 мај 2015 година, Херд напиша: „Вистинската љубов не е само лудилото на страста или изборот на безбедноста на мирот. Тоа е да ги имаш и двете. Видов во тебе вистински знаци на пријателство и почит, но сепак повеќе од секогаш сакам да те растргнам, да те изедам и да уживам во вкусот“.
Под притисок на адвокатката Камил, во врска со содржината, Херд рече дека тоа е „љубовна белешка“ за Деп.
Херд претходно тврдеше дека за време на нејзиниот меден месец со Деп во јули 2015 година, тој брутално ја нападнал во „Ориент експрес“.
Но, на судот му била покажана белешка во дневникот од 22 јули истата година, на која пишувало: „На мојот сопруг, среќен меден месец“.
Внатрешната корица била фотографија од времето кога се вратиле во Австралија и се смириле по тепачката два месеца пред тоа.
Херд рече дека сликата, на која се прикажани рака под рака на брод, била земена „многу подоцна“ кога се вратиле во Австралија.
Тоа беше во периодот на „меден месец“ кога Деп беше чист и трезен, рече таа.
Во белешката од 8 април 2016 година напишала: „Жал ми е што можам да полудам. Жал ми е што те повредив. Како тебе, и јас можам да бидам зла кога ќе ме повредиш“.
Херд додаде дека ѝ е „жал поради мене“ и дека „никогаш нема доволно добра причина да те повредам“.
Во белешка од први август 2015 година, Херд напиша: „Едвај чекам да ти кажам колку те обожавам. Не можев да замислам подобар меден месец“.
Следниот ден Херд напишала дека ѝ недостига Деп и го нарекла „топол сопруг полн со љубов“.
Васкез ја праша Херд дали книгата е „љубовен дневник“ и таа одговори потврдно.
Херд истакна: „Книгата беше повеќе љубовна тетратка и дел од комуникацијата, важно ми беше да се обидам да имам што повеќе мир“.
Адвокатката ја праша Амбер дали тоа е „исто така можност да му се извини на г-дин Деп за своето однесување?“, на што таа одговори дека е „важно да се извини“ за да се надмине тепачката.
Во белешката од 17 август 2015 година, Херд напишала: „Жал ми е што го затресов воланот толку силно. По ѓаволите, те сакам Џони, засекогаш сум врзана за тебе. Дозволи ми да се обидам да го поправам ова, дозволи ми да се обидам да го закрпам ова. Ти го заслужуваш тоа. Ми требаш… Ти си мојот камен-темелник, моето срце, моето сè. Мразам кога се расправаме. Те сакам повеќе од се. Ми требаш, те сакам“.