266
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека ќе отпатува за Западен Балкан пред состанокот на Европскиот совет, кој е закажан за следниот месец, со цел да му ја пренесе пораката на регионот дека местото му е во Европската унија.
„Шест земји од Западен Балкан со аспирации во ЕУ, а тоа се Србија, Црна Гора, Албанија, С. Македонија, Босна и Херцеговина и Косово, веќе се во повеќегодишен реформски процес“, изјави Шолц пред пратениците во Берлин, пренесе „Ројтерс“.
Шолц рече дека „денес, повеќе од кога било, нивната интеграција во ЕУ е и во стратешки интерес на Брисел“, укажувајќи на влијанието на странските сили во регионот, вклучително и Русија.