Мицкоски: Архиепископот Стефан ја има мојата недвосмислена поддршка

од Берта Китинска
218 прегледи

Архиепископот Стефан ја има мојата недвосмислена поддршка, тој и владиците знаат што е најдобро за македонскиот народ, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

–Свесен сум дека тие луѓе се под жестоко влијание на оние сили на кои што не им одговара македонско единство, кои не им одговара обединување околу Синодот на МПЦ. Ние мораме како народ да се обединиме овој пат, ние мораме да бидеме паметни, не смееме да дозволиме надворешни фактори да нѐ разделуваат, рече Мицкоски.

Според него, потребно е обединување и духот и енергијата на сите православни верници да го насочат кон архиепископот г.г. Стефан, како и кон владиците од Синодот.

– Ние да дадеме недвосмилена поддршка и сите заедно да се обединиме, а тие да работат за интересите на народот, како што и работат до сега, да внесуваат верба и надеж, бидејќи народот најмногу верува во МПЦ-ОА-додаде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.