345
По повод Канскиот филмски фестивал, Деми Мур се присети на своето појавување на фестивалот со тогашниот сопруг Брус Вилис.
Фотографијата на која позираат насмеани е направена пред 25 години, на премиерата на филмот „Петти елемент“, за кој актерката избра црн долг фустан и раскошно црвено-црно палто.
Меѓу бројните реакции под фотографијата се огласи и сегашната сопруга на Брус, Ема Хеминг Вилис.
„Сите можни емоции. Прекрасно“, напиша Ема.
По објавата дека боледува од афазија, холивудскиот актер доби поддршка од сите членови на семејството како и бројни колеги, меѓу кои и Џон Траволта и Метју Пери.
Афазијата обично е резултат на мозочен удар или тумор на мозокот, но сè уште не е познато што точно се случило со Вилис.