Џерард: Вила може да стане еден од посилните тимови

од Vladimir Zorba
323 прегледи

Последните два натпревари на Астон Вила во Премиер лигата се исклучително важни за англискиот фудбал. Тимот од Бирмингем е далеку од зоната за испаѓање и не се бори за трофеи, но токму во таква ситуација се преостанатите нивни противници во првенството.

Во четврток на Вила Парк гостин ќе биде Барнли, моментално 18-ти тим на табелата. Неделата е резервирана за последното коло, а избраниците на Стивен Џерард ќе играат против Манчестер Сити – „граѓаните“ имаат бод повеќе од Ливерпул и во случај на победа би ја одбраниле титулата во Англија пред своите навивачи.

„Не можевме да се опуштиме во ниту еден момент откако пристигнавме во клубот. Сакав да постигнам доследност. Се обидувам да се прилагодам. Ако некој мисли дека мојата кариера била само подеми и падови, тогаш тоа не го гледал на адекватен начин. Тешки моменти имаше во Ливерпул, репрезентацијата на Англија и на клупата на Ренџерс. Мојата работа е да бидам лидер и да и помогнам на групата да се опорави“, изјави поранешниот капитен на Ливерпул и додаде:

„Има уште барања, поставување високи стандарди. Исто така, важно е да се разбере состојбата на тимот што сте го презеле, колку е тешка работата и колку време ќе биде потребно за да се постигнат целите“.

Првиот чекор кон остварување на целите се инвестициите: особено во фудбалот – засилувања. Откако Џерард дојде на клупата на Астон Вила, клубот ги донесе: Филипе Кутињо од Барселона, Калум Чемберс од Арсенал и Лукас Дињ од Евертон. Резервниот голман Робин Олсен дојде на позајмица од Рома.

„Астон Вила е во подобра ситуација од Ренџерс. Потребно е време, тоа е долг процес. Ништо нема да се смени преку ноќ. Мислам дека можеме да станеме еден од најсилните тимови во лигата“.

Слични содржини