За Ердоган Шведска и Финска се „дом на терористи“

од Nikola Popovski
228 прегледи

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган уште еднаш изрази противење на влезот на Шведска и Финска во НАТО, велејќи дека Анкара ќе каже „не“ на нивното барање за членство.

За време на разговорите со група млади луѓе, Ердоган ги обвини двете земји, особено Шведска, дека се „дом на терористи“.

Ердоган ѝ замерува на Шведска, а во помала мера и Финска, за поддршката на Курдистанската работничка партија (ПКК), која Турција и ЕУ ја сметаат за терористичка организација, како и на вооружената курдска група во Сирија.

Турција, исто така, ги обвинува двете земји дека обезбедуваат засолниште за следбениците на муслиманскиот проповедник Фетула Ѓулен, за кого Анкара тврди дека стои зад неуспешниот обид за воен удар во 2016 година.

Договорот на Турција за влез на Шведска и Финска во НАТО е клучен, бидејќи е неопходна согласност од сите членки на алијансата.