Почина познатиот грчки композитор и оскаровец Вангелис

од Nikola Popovski
308 прегледи

Грчкиот композитор најпознат по музиката за филмовите „Истребувач“ и „Огнени кочии“, Вангелис Папатанасиу, познат како Вангелис, почина на 79-годишна возраст, објави во четвртокот грчкиот премиер Киријакос Микотакис.

„Вангелис Папатанасиу повеќе не е со нас“, објави премиерот. „Музичкиот свет го загуби светот (уметникот) Вангелис“, додаде тој.

Музичарот, пионер на електронската музика, најде инспирација во истражувањето на вселената, природата, футуристичката архитектура. Тој доби Оскар за неговата музика во филмот „Огнени кочии“.

Грчките медиуми пишуваат дека Вангелис починал од коронавирус во Франција, каде што престојувал кога не бил во Лондон или Атина. Меѓу десетината филмови за кои компонираше музика се „Исчезнат“ на Коста Гаврас, „Жолчната месечина“ на Роман Полански и „Александар“ на Оливер Стоун.