Голгетерот на Бенфика не сака да игра за Манчестер Јунајтед

од Vladimir Zorba
288 прегледи

Напаѓачот на Бенфика, Дарвин Нунеш, одбил две понуди од Англија, објави RMC Sport.

Уругвајскиот репрезентативец добил понуди од Манчестер Јунајтед и Њукасл, но ги одбил бидејќи ниту еден клуб следната сезона нема да игра во Лигата на шампионите.

Агент на Нунеш е Жорге Мендеш, кој си поставил задача да му најде нов тим.

Веќе разговарал со претседателот на Пари Сен Жермен Насер Ал Хелаифи, но се уште нема официјална понуда.