350
Најдобриот кошаркар на НБА за изминативе две сезони, Србинот Никола Јокиќ ужива на заслужен одмор во Србија.
За време на фајналфорот на Евролигата, на кој присуствуваше и нашиот Перо Антиќ, поранешен кошаркар на Црвена звезда, Македонецот ја искористи можноста да се сретне со кошаркарот на Денвер Нагетс.
Тој сподели и фотографија од Јокиќ во хавајка и со големи очила за сонце.
„Братот МВП“, напиша поранешниот македонски репрезентативец, а му одговори Дарко Периќ, популарниот „Хелсинки“ од серијата „La Casa De Papel“.
Периќ исто така е во Белград, каде во сабота ќе се игра финалето на Евролигата, меѓу Анадолу Ефес и Реал Мадрид.