Во последните денови хистеријата околу иднината на Килијан Мбапе го достигна врвот. До неодамна се мислеше дека францускиот репрезентативец сигурно ќе се пресели како слободен играч во Реал Мадрид, но се повеќе информации говорат дека тој се предомислил и на крајот ќе го продолжи договорот со Пари Сен Жермен. Истото го тврди и познатиот шпански новинар Гијом Балаге.
„Штотуку ми кажаа дека Флорентино Перез влегол во соблекувалната на Реал Мадрид по мечот со Бетис и ги известил играчите дека Мбапе нема да дојде во тимот. Но, да почекаме за она што самиот Мбапе има да го каже пред да бидеме сигурни“, напиша Балаге на Твитер.
Според него, двата клуба се подготвени да се разделат со по 150 милиони евра за да го обезбедат потписот на 23-годишниот напаѓач. Мајката на Мбапе призна дека двете понуди се блиски во бројки и го задоволуваат нејзиниот син, но тој се уште не одлучил која ќе ја преферира.
Во четвртокот, „Екип“ напиша дека Мбапе ќе ја објави својата одлука за TF1 во недела. Дури и да не се случи тоа, секако се ближи крајот на трансфер сагата.