Охрид и Струга можат сами да изработат планови за крајбрежјето, вели Бочварски

од Nikola Popovski
251 прегледи

Министерот за траснпорт и врски Благој Бочварски информира дека општините Охрид и Струга можат сами да изработат урбанистички планови и да донесат плански документации согласно ГУП-от и планот за управување со УНЕСКО.

Тој нагласи дека општините може сами да си ги изработат тие планови и да донесат такви урбанистичко плански документации. Според Бочварски, согласно Законот за градежно земјиште за издавање на тие плажи со јавна лицитација и оглас на краткотраен закуп од една до пет години.

-Во однос на урбанистичкиот план за целото крајбрежје, тој се работи во Агенцијата за планирање на просторот, а она што го направивме за доброто на Охрид е обезбедивме 30 милиони денари за изработка на овој урбанистички план. Се изработуваат сите подлоги кои се потребни и Министерството ја предаде постапката во Агенцијата каде се изработува, но и се усогласува со УНЕСКО. Тоа е специфична планска документација која мора дополнително да се усогласи со УНЕСКО и доколку сметаме дека навистина треба да го зачуваме статусот со УНЕСКО таквите документации мора внимателно да се изработат и усогласат, рече Бочварски.

Слични содржини