Црна листа: Русија им забрани влез на Бајден, Блинкен и шефот на ЦИА

од Nikola Popovski
219 прегледи

Русија денеска објави дека им забранила влез во земјата на 963 американски државјани, меѓу кои и претседателот Џозеф Бајден, државниот секретар Ентони Блинкен и шефот на Централната разузнавачка агенција (ЦИА), Вилијам Барнс.

Во соопштението МНР нагласи дека овој чекор е одговор на санкциите што САД постојано ги воведуваат кон Русија и предупреди дека „непријателските дејствија“ ќе продолжат да добиваат „соодветен одговор“, пренесува РИА Новости.

„Русија не бара конфронтација и е отворена за искрен дијалог со взаемно почитување, одвојувајќи го американскиот народ, кој го почитува, од властите на САД, кои ја поттикнуваат русофобијата и оние кои им служат“, соопшти Министерството.

Забраната за влез има само симболично значење, но значи постојано влошување на односите меѓу Русија од една страна и САД и нивните сојузници од друга страна од почетокот на нападот врз Украина на 24 февруари, наведува Ројтерс.

Слични содржини