Де Бруин повторно играч на сезоната во Премиер лигата!

од Nikola Popovski
264 прегледи

Играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Кевин Де Бруин е прогласен за најдобар играч во Премиер лигата за сезоната 2021/2022.

30-годишниот Белгиец одигра фантастично во текот на сезоната и постигна 15 гола и забележа 7 асистенции на 29 натпревари во Премиершип.

Трет пат по ред оваа награда оди во редовите на Манчестер Сити – во 2021 година ја освои дефанзивецот на „граѓаните“ Рубен Диас, а во 2020 година за прв пат во кариерата лауреат беше Де Бруин.

Од 1995 година, кога беше доделена оваа награда, само тројца играчи ја добија наградата во два наврати – Тиери Анри, Немања Видиќ и Кристијано Роналдо.

„Многу сум горд што ја освоив оваа награда по втор пат. Има толку многу квалитет во Премиер лигата што е големо достигнување да се биде номиниран за оваа награда. Мислам дека одиграв добро и среќен сум што успеав да придонесам за успехот на нашиот тим со голови и асистенции. Би сакал да им се заблагодарам на мојот персонал, тренерите и особено на играчите, бидејќи без нив ова немаше да биде возможно“, изјави Кевин де Бруин по добивањето на наградата.

Слични содржини