212
Украина посочи дека е подготвена да ги продолжи преговорите со Русија, исклучувајќи ја опцијата за прекин на огнот или отстапки за Москва, а претседателот Володимир Зеленски во интервју за „United News“ во саботата рече дека „несомнено ќе има разговори меѓу Украина и Русија“.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека 22 милиони тони храна се „заглавени“ во украинските пристаништа и дека се разгледуваат „различни решенија“ за овој проблем.
Според новинската агенција Интерфакс Украина, Зеленски рекол дека Русија ги блокирала „сите поморски опции за извоз на прехранбени производи“ и дека „тивко ги краде“.