Пороен дожд и грмежи денеска и утре попладне

од Vladimir Zorba
191 прегледи

На повеќе места особено во западните делови денеска и утре во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.