ОН: Повеќе од 100 милиони луѓе протерани ширум светот

од Stefanija Kuzmanovska
337 прегледи

Повеќе од 100 милиони луѓе се протерани од своите домови ширум светот, соопшти денеска Агенцијата на ОН за бегалци (УНХЦР).

УНХЦР наведува дека војната во Украина била еден од факторите кои принудиле милиони луѓе да ги напуштат своите домови, додавајќи дека долготрајните конфликти во Етиопија и Демократска Република Конго биле уште еден фактор кој довел до голем број раселени лица, пренесува „Ројтерс“.

„Тоа е рекорд кој никогаш не требаше да се постигне“, изјави високиот комесар на ОН за бегалци Филипо Гранди.

Слични содржини