Ријалити ѕвездата Кортни Кардашијан и нејзиниот сопруг, тапанарот Тревис Баркер се венчаа „по трет пат“, а церемонијата се одржала во Портофино, Италија.
Кортни и Тревис прво направија тајна и „пробна“ венчавка во Лас Вегас, на која присуствуваа само двајцата, а потоа кон средината на мај официјално се венчаа во Санта Барбара опкружени со блиски пријатели и членови на семејството.
Но, сега следуваше уште една венчавка, трета по ред, спонзорирана од италијанската модна куќа „Долче и Габана“.
На церемонијата во Италија, покрај семејството и пријателите, присуствуваа и бројни познати личности, кои на локацијата пристигнаа со глисер.
Кортни блескаше во кратка бела венчаница, на главата носеше вел со чипкасти детали, додека Тревис беше во темен костум и бела кошула со машна.