Шварценегер повторно стана дедо

од Nikola Popovski
476 прегледи

Наследничката на познатиот актер се породи минатата сабота.

Кетрин Шварценегер и нејзиниот сопруг Крис Прат добија второ дете, па нивното семејство сега е побогато за уште едно девојче.

Писателот и актер го избрла името Елоиз Кристина за нивната втора ќерка.

„Со голема радост сакаме да ве информираме дека добивме уште една ќерка, Елоиз Кристина Шварценегер Прат. Многу сме благодарни. Ве сакаме ,Кетрин и Крис“, напиша Кетрин на својот Инстаграм профил, само еден ден по породувањето.

Инаку, ова е трето дете на Крис. Со поранешната партнерка Ана Фарис, актерот го има синот Џек.

Слични содржини