276
Украинскиот суд нареди апсење на поранешниот претседател Виктор Јанукович, обвинет за предавство. Обвинувањата се однесуваат на договорот од 2010 година, со кој тогашниот украински претседател го продолжи рускиот закуп на поморски објекти на Крим.
Договорот ѝ овозможи на Русија да ја задржи својата црноморска флота во кримското пристаниште Севастопол и да го зголеми бројот на војници внатре во Украина, што им овозможи да го анектираат Крим четири години подоцна, пишува Ројтерс.
Јанукович веќе е осуден на 13 години затвор во отсуство поради писмото што го испрати до Путин во 2014 година, во кое бара од рускиот претседател „да го врати редот во Украина“, откако Украинците масовно почнаа да протестираат. Јанукович таа година побегна во Русија.