213
Индискиот премиер Нарендра Моди и американскиот претседател Џозеф Бајден постигнаа „значителни резултати“ на денешните разговори во Токио, со цел да ги зајакнат трговските, технолошките и одбранбените врски, објави Ројтерс.
Лидерите се во Токио на состанокот на лидерите на групата Quad (САД, Австралија, Индија и Јапонија), а од четири земји, само Индија не го осуди рускиот напад врз Украина, и покрај притисокот на САД да го стори тоа, објави агенцијата.
Портпаролот на индиското Министерство за надворешни работи, Адиндам Багчи, на Твитер објави дека Бајден и Моди разговарале како да се зајакне соработката во трговијата, инвестициите, технологијата, одбраната и човечките врски меѓу двете земји.