201
Северна Кореја лансираше балистичка ракета во правец на нејзиниот источен брег, соопштија одделно армиите на Јапонија и Јужна Кореја.
Лансирањето на севернокорејската ракета доаѓа еден ден откако американскиот претседател Џозеф Бајден ја заврши својата азиска турнеја за време на која ги посети Сеул и Токио, пренесе „Ројтерс“.
Ова е 17-ти балистички тест што Северна Кореја го изврши од почетокот на годината.