347
Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, изјави дека ситуацијата во Донбас е „исклучително тешка“ и оцени дека редовното снабдување со оружје за Украина е најдобрата стратегија за одржување на глобалната стабилност.
Во видео-обраќање, Зеленски рече дека мнозинството руски сили биле концентрирани на нападот во Донбас, пренесува Би-би-си.
„Лиман, Попасна, Северодоњецк, Славјанск – окупаторите сакаат да уништат сè таму“, рече Зеленски.
Според неговата проценка, снабдувањето на Украина со тешко вооружување – повеќецевни ракетни фрлачи, тенкови и противбродско оружје е најдобрата инвестиција за одржување на стабилноста во светот и спречување на многу тешки кризи кои Русија сè уште ги планира или веќе ги предизвикала.