Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ со транспаренти побараа оставка од Џафери: „Бегај бе таму, хеј сус“

од Берта Китинска
259 прегледи

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со транспарент на кој е испишано „Бегај бе таму, хеј сус“, побараа оставка од претседателот на Собранието, Талат Џафери.

-Поминаа повеќе од десет дена, а Претседателот на Собранието Талат Џафери, не само што не се извини за неговото безобразно однесување спрема вработените во собраниската служба туку се однесува како ништо да не се случило.Крајно е недозволиво токму од човекот кој што прв го потпишал етичкиот кодекс за однесување во Собранието, најгрубо да го крши и да бега од одговорност и заедно со пратениците од власта да пробуваат на секаков можен начин да го скријат под тепих овој скандал, вели Дафина Стојановска, пратеничка на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Таа вели дека Џафери најмалку што можеше да направи е да се извини за однесувањето и да си поднесе оставка од функцијата Претседател на Собранието.

-Сакаме да му порачаме на Џафери дека колку и да бега од одговорност и да пробува да се заборави овој скандал дека дамката што ја остави зад себе секогаш ќе го прати, а ние секогаш ќе бидеме тука да го потсетуваме дека со неговото однесување и работа е еден од најлошите и најнеспособните претседатели што ги имало Собранието.Исто така го повикуваме господинот Панчо Минов да не одолговлекува и да закаже седница на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања на која што ќе се расправа за санкции по повот прекршувањето на етичкиот кодекс од страна на талат Џафери.Доколку Џафери не понесе одоговрност за ваквото однесување ќе даде до знаење до сите пратеници дека етичкиот кодекс на кој што сите заедно работевме, повеќе не важи во законодавниот дом, вели Стојановска.

Слични содржини