Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, престојува во Давос, каде што присуствува на годишниот состанок на Светскиот економски форум.
Зборувајќи за медиумите за иницијативата „Отворен Балкан“, Вучиќ рече дека се вклучени повеќе луѓе.
– Задоволни сме од тоа што го имаме. Односите меѓу С. Македонија, Албанија и Србија никогаш не биле подобри – рече Вучиќ.
– Луѓето мислат дека треба да бркаме некого за да го оправдаме нашето постоење. Не мораме. Ги поканивме сите. Задоволни сме со тоа што го имаме, би сакале да имаме повеќе, но задоволни сме. Имаме добра соработка со сите. Кој сака соработка, сака, кој сака, добредојден е и толку, рече Вучиќ.
– Имате голем пад на популарноста на ЕУ не само во Србија, туку и во Северна Македонија. Ако сакаме да одиме во ЕУ, потребен ни е билатерален пристап. Треба да чувствуваме почит – рече претседателот на Србија.