Согласно податоците кои што ги имаме од Институтот за јавно здравје состојбата е стабилна, има намалување на неделната инциденца, кажа портпаролот на Комисијата за заразни болести, д-р Злате Мехмедовиќ.
-Сметаме дека во насока на тоа како се во моментот предвидени мерките за заштита, дека нема потреба од дополнителни интервенции кои што би требало да направат одредени измени во начинот со кој се контролира трансмисијата на вирусот, информираше Мехмедовиќ.