Актерката Шерон Стоун (64) предизвика вистинска врева кога се појави на Канскиот филмски фестивал и покажа дека изгледа подобро од многу нејзини колешки во седмата деценија.
Актерката, која навлезе во седмата деценија од животот, на црвениот тепих ги покажа своите неверојатни нозе и уште еднаш ги потсети сите зошто отсекогаш важела за една од најубавите жени во Холивуд.
Шерон Стоун се појави во смарагдно зелениот фустан на модната куќа Долче и Габана, кој ги истакна нејзините нозе. Зелениот фустан нема прерамки, но има шлиц до бутот кој беше доволен за целиот свет да ги види затегнатите нозе на популарната актерка.
This ravishing babe is my goddaughter 💕
Stylist: #ParisLibby
Makeup: #FabiennePauli @makeitup_agency
Hair: #FabienProvost
Skin Prep: @LordGavin
Gown: Custom @dolcegabbana pic.twitter.com/B5CiSQhVnu— Sharon Stone (@sharonstone) May 23, 2022
Заедно со фустанот, Шерон носеше сандали со метални потпетици, што го направи зелениот фустан уште поефектен.
Актерката призна дека вежба и затоа изгледа вака во седмата деценија од животот.
– Секогаш кога вежбам, правам нешто различно во зависност од тоа кои делови од телото треба да се поместат – открила згодната русокоса.
Шерон направи трансформација на Канскиот филмски фестивал кога се појави на проекцијата на филмот „Forever Young“ бидејќи прикажа две модни изданија.
Sharon Stone reporting from #Cannes 🤍 pic.twitter.com/jiPyirgKcs
— Sharon Stone (@sharonstone) May 23, 2022