Објавени сите детали од масакрот во Тексас: Убиецот прво ја застрелал својата баба

од Stefanija Kuzmanovska
668 прегледи

Портпаролот на Одделот за јавна безбедност во Тексас, поручникот Крис Оливарез, за ​​американските медиуми изнел нови детали за тоа што му претходело на нападот на основното училиште во градот Увалде, како и за текот на нападот.

„Значи, она што го знаеме е дека напаѓачот бил вмешан во неред со неговата баба пред пукањето во училиштето. Во тој момент пукал во својата баба. Потоа побегнал со автомобил и дошол во непосредна близина на училиштето, од каде добивме повик од локалната полиција за удрено возило и вооруженото лице кое влегло во училиштето“, изјави Оливарез.

Како што истакна, на местото на пукањето најпрво излегле припадници на локалната полиција, училишни службеници и државни војници, кои потоа ги слушнале истрелите од една од училниците.

„Се обидоа да влезат во зградата. Осомничениот ги пречекал со пукање. Некои од полицајците беа погодени тогаш“, опишал Оливарез, пренесува „Гардијан“.

Потоа, како што наведува, почнале да ги кршат стаклата околу училиштето, обидувајќи се да ги евакуираат децата, наставниците, кого и да можат.

„Она што го знаеме, во тој момент стрелецот успеал да влезе во училницата и се забарикадирал во неа. И повторно одеднаш почнал да пука во многуте деца и наставници кои беа во таа училница. Не му беше гајле за човечкиот живот… Целосно злобна личност… Не му беше гајле за децата, кој било во таа училница, тој само почнал да пука во секој што ќе му се најде на патот“, рече тој.

Во тој момент пристигна тактички тим за спроведување на законот, составен од неколку сојузни офицери, локални офицери како и државни војници.

„Тие можеа насилно да влезат во таа училница. И тој ги пресретнал со истрели, но тие успеале да пукаат и да го убијат осомничениот. А во моментов, во овој момент, имаме 19 деца кои починаа, како и две учителки“, заклучи Оливарез.

Засега се идентификувани четворица од 19-те ученици кои ги загубија животите во вчерашната престрелка во Тексас, а бројот на повредени се уште не е утврден.

Во нападот загинаа наставничките Ева Мирелес и Ирма Гарсија, додека ги штителе децата од испуканите куршуми.

Напаѓачот, идентификуван како 18-годишниот Салвадор Рамос, е мртов, соопштија официјални лица. Вооружениот напаѓач бил убиен од агент на граничната патрола кој влетал во училиштето со екипа за тактичка поддршка и го убил додека бил забарикадиран внатре.

„Да ве уверам, напаѓачот е мртов“, рече Пит Аредондо, шеф на независната училишна полиција на Увалде и рече дека не трагаат по друго лице во случајот.

Слични содржини