Споредбата на односите на Русија за време на специјалната операција во Украина со однесувањето на бројни земји кон Србија во 1999 и 2008 година, презентирана од српската премиерка Ана Брнабиќ, е несоодветна, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
„Ваквите оценки се несоодветни и ми се чини дека со тоа сѐ е кажано“, рекла Захарова, пренесува „Спутник“.
Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека Србија „јасно се позиционирала“ кон конфликтот во Украина во политичка смисла, во согласност со принципите на меѓународното право, оценувајќи дека Србија го зазеде „најхрабриот пристап и најпринципиелната позиција“ за војната во Украина, како и дека Русија денес го прави она што некои други земји и го направија на Србија во 1999 и 2008 година