Кулеба го прозва НАТО: „Не работат речиси ништо“

од Nikola Popovski
233 прегледи

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба остро го прозва НАТО, обвинувајќи ја Алијансата дека „апсолутно не прави ништо“ за руската инвазија на Украина. Кулеба ја пофали ЕУ за „револуционерните одлуки“ за поддршка на Киев, но рече дека НАТО е „целосно стои на страна“.

„НАТО како сојуз, како институција е целосно на страна и не прави буквално ништо. Жал ми е што морам да го кажам ова“, рече Кулеба на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, додавајќи дека пред руската инвазија постоела свест дека „НАТО е моќна сила и ЕУ може само да изрази загриженост“.

„Војната е секогаш тест што ги симнува маските“, порача тој.

Кулеба оцени дека некои сојузници на НАТО и помагаат на Украина додека целата Европска унија донела „револуционерни одлуки што тие самите не очекуваа да ги донесат“.

Слични содржини