Американскиот државен секретар Ентони Блинкен најави формирање на нова британска, американска и ЕУ група, која ќе му помогне на украинскиот државен обвинител да ги документира, како што рече, воените злосторства и другите бруталности регистрирани во Украина.
„Новиот механизам, наречен Советодавна група за криминал (АЦА), ќе обезбеди стратешки совети и оперативна помош на Единицата за воени злосторства на Украинското обвинителство, законски конституиран орган одговорен за процесирање на воени злосторства и други злосторства во Украина“, рече Блинкен, пренесе Си-Ен-Ен.
Иако САД и нивните сојузници ги поддржуваат меѓународните напори да се изведат одговорните пред лицето на правдата, украинското обвинителство ќе игра клучна улога во обезбедувањето на одговорните за воените и другите злосторства да бидат изведени пред лицето на правдата.