Чеферин за договорот на Мбапе: Реал не може да и кажува на УЕФА што да прави

од Vladimir Zorba
400 прегледи

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, остро одговори на повиците од Ла Лига и Реал Мадрид за санкционирање на Пари Сен Жермен по новиот договор на Килијан Мбапе.

Критиките на шампионот на Шпанија се дека францускиот клуб веќе ги крши правилата на финансискиот фер-плеј, а со овој милионски договор може уште повеќе да се наруши рамнотежата.

„Секој кој ги почитува нашите правила е добредојден да учествува на нашите турнири. Ниту Реал Мадрид, ниту кој било друг клуб може да и кажува на УЕФА што да прави. Тие се револтирани од нешто, но колку што знам нивната понуда беше слична на онаа на ПСЖ“, истакна Словенецот и додаде:

„Многупати сум кажал, сега ќе повторам – посочете ми една расправија поради која сопствениците на ПСЖ не можат да го поседуваат клубот. Ако ми кажеш дека некој клуб им припаѓа на навивачите, не мислиш дека и англиските клубови имаат сопственици кои се од САД, Блискиот Исток или Англија. Ситуацијата е потполно иста, па навистина ми е преку глава од неосновани обвинувања. Само сакам да знам кој ги прекршува правилата. Кога некој ќе ги прекрши правилата, ќе биде казнет“, изјави Чеферин за Би-Би-Си.

Слични содржини