Лукашенко најави модернизација на армијата поради настаните во Украина

од Stefanija Kuzmanovska
227 прегледи

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко во четвртокот најави модернизација на вооружените сили на земјата поради настаните во Украина.

Тој на средбата во Министерството за одбрана за обезбедување воена безбедност рече дека по настаните во Украина се сменети принципите на модернизација на армијата на земјата, пренесува „Танјуг“.

„Притисоци без преседан“
Тој објасни дека во Белорусија учат лекции во врска со развојот и опремувањето на нивните војници врз основа на искуството од „спроведување на руска воена специјална операција во Украина“, пренесува РИА Новости.

Лукашенко рече дека Минск ќе се соочи со „притисоци без преседан“.

Тој посочи дека вежбите на НАТО во близина на границите на Белорусија може да доведат до можни воени операции во иднина.

Слични содржини