Колева: Најголемото покачување на платите во образованието и инвестициите во нови училишта е дело на СДСМ

од Nikola Popovski
224 прегледи

Рекордното зголемување на платите во образованието, рконструкција и изградба на нови училишта и спортски сали, опремување и реконструкција на кабинети по природни науки, сето тоа е дело на Владата предводена од СДСМ во овие пет години, порача пратеничката Даниела Колева на денешната собраниска седница.

Таа истакна дека покрај платите на наставниците и инвестициите во нови објекти, во изминатиот период сериозно се инвестираше и во подобрување на условите за спроведување на наставниот процес, како и во ученичкиот и студентскиот стандард.

„Во овие пет години се вработија 500 образовни асистенти за ученици со попреченост, воведување на дуално образование во средното образование, воведовме субвенциониран оброк за сите студенти кои добиваат по 2.400 денари секој месец. Сето ова се мерки и политики на оваа Влада, мерки кои ги немало претходно. А претходниот период го паметиме по казните од екстерни тестирања, по лошите преводи на учебниците, деградирање на високото образование, 60 милиони евра се потрошија за компјутер за секое дете и тие компјутери по само некоја година не функционираа, а наместо студентски и ученички домови, се градеа споменици и жални врби“ посочи Колева, додавајќи дека се работи на нов Колективен договор кој ќе придонесе за уште поголем раст на платите во образованието.

Слични содржини