Државата денеска преку Министерството за финансии ја емитуваше дваесет и првата емисија обврзници за денационализација во вкупен износ од 6 милиони евра, со којашто ќе се обесштетат сите лица со правосилни решенија за денационализација од 01.01.2021 година до 31.12.2021 година, каде што е утврден надомест во обврзници.
Средствата доделени преку обврзниците државата ќе ги исплаќа на десетгодишни рати со годишна камата од 2%.
Република Северна Македонија може во секое време да изврши откуп на обврзниците за денационализација пред рокот на нивното достасување според условите, начинот и постапката што ги утврдува Владата на Република Северна Македонија.
Тргувањето со обврзниците за денационализација ќе се врши на Македонска берза АД Скопје, со посредство на брокерските куќи и банките членки на Македонската берза.
Пред рокот на нивното достасување, граѓаните може да ги користат обврзниците за денационализација за отплата на становите во општествена сопственост.