Холивудскиот актер Реј Лиота, кој се прослави во филмот „Goodfellas“, почина на 67-годишна возраст.
Реј Лиота починал во сон во Доминиканската Република, каде што престојувал на снимањето на „Dangerous Waters“.
Познатиот актер зад себе ја остави ќерката Карсен, а требало да се ожени со својата избраничка Џеси Нитоло.
Причината за смртта се уште не е позната.
Реј Лиота направи име играјќи интензивни ликови низ годините. Иако е омилен поради улогата во мафијашката класика „Goodfellas“ од 1990 година, актерот во една прилика изјави дека @никогаш не се степал во својот живот#.
-Никогаш не сум се тепал, освен за време на спортски активности, а тоа е само туркање и глупави детски работи“, изјави Лиота во една прилика.