Треба да има повеќе дебати. Ова со храната што доаѓа ние мораме да се подготвиме. Министерството за земјоделство за реализација оди со зголемување на субвенциите, за земјоделците да ги обијат парите порано, за да се зголеми приносот, информира министерот за финансии, Фатмир Бесими.
Министерот потенцира дека ќе се зголеми површината на земја со кои ќе се насадат стратешките производи.
-Со цел оваа година и нареднава да ги задоволиме нашите потреби. Со ова што е планирано ќе го постигнеме. Пак ќе имаме увоз и извоз. Се планира и преку Буџетот за рационализација на приоритетните производи, потенцира Бесими.
Според министерот, кога одат со Буџетот во Собрание, одат со сценарија.
-Има и ризици во однос на сценарија. Едно од тие сценарија е дека инфлацијата ќе се зголеми и дека енергетската криза ќе се зголеми. Војната во Украина никој не можеше да ја предвиди, рече Бесими во емисијата „Вин-вин“.