Амбер Херд добива смртни закани

од Nikola Popovski
264 прегледи

Тужбата на холивудската двојка е главна тема со недели.

Во оваа мултимилионска тужба беа откриени бројни детали од турбулентниот брак на Џони Деп и Амбер Херд, кој го шокираше светот.

На денешното рочиште актерката им кажа на поротниците дека секојдневно се соочува со малтретирање и смртни закани, откако ја обвини холивудската ѕвезда за злоставување.

За време на нејзиното последно сведочење, Херд низ солзи пред судот во Вирџинија изјави дека била малтретирана, понижувана и и се заканувале секој ден, откако ја обвинила ѕвездата од „Пиратите од Карибите“ за физичко и сексуално злоставување, пренесува Ројтерс.

„Луѓето сакаат да ме убијат и тоа ми го кажуваат секој ден, дури и дека сакаат да го стават моето бебе во микробранова печка“, рекла Амбер Херд.

Да потсетиме, Џони Деп го тужи Амбер Херд за 50 милиони долари, тврдејќи дека го клеветела кога себеси се нарекла „јавна личност која е пример за семејна злоставување“, а таа побарала 100 милиони долари, бидејќи актерот со тоа и ја нарушил репутацијата. за што неговиот адвокат рече дека нејзините обвинувања се „измама“.

Слични содржини