Клои Кардашијан ја прозиваат за 12 операции на лицето: Еве што вели таа

од Nikola Popovski
333 прегледи

Старлетата Клои Кардашијан гостуваше во подкаст и во таа прилика ги коментираше наводите дека имала преку 12 операции на лицето.

Тие приказни започнаа откако таа прилично се промени во однос на 2007 година, кога започна нејзината кариера.

-Многу ми пречеше кога луѓето велеа дека сум направила 12 операции на лице. Бев навредена. Дури шпекулираа дека сум била на трансплантација на лице. Баш ме интересира како дошле до тој заклучок. Можеби некогаш ќе одлучам да го направам тој чекор, рече Кардашијан во подкастот, додавајќи во моментов е задоволна од мојот изглед.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Khloé Kardashian (@khloekardashian)

Таа истакна и дека и пречи тоа што ја споредуваат со нејзините сестри.

-Навистина ми е мака што морам постојано да слушам лаги, заклучила Кардашијан.

Слични содржини