175
Портпаролот на СДСМ, Дарко Каевски во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 обвини дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се сретнувал со луѓе во Бугарија кои го кочеле решавањето на спорот и добивањето на датум за ЕУ.
„Христијан Мицкоски се сретнува со претседателот на здружението „Цар Борис 3“, близок соработник на Каракачанов и Џамбаски кои што ги знаеме нивните ставови, затоа што они кочат на едната страна а од друга страна политичка партија која што кочи тука и сето тоа придонесува да се отежнува целата работа“, вели Каевски.