Цените на нафтата зајакнаа и денеска се движат околу двомесечниот максимум во азиската трговија, откако барел се тргува за 117 долари.

Светската референтна нафта Брент е на пат да го забележи најголемиот неделен скок на цената за месец и половина, поттикнат од стравот од намалување на понудата поради можна забрана од ЕУ за увоз на руска нафта и зголемената побарувачка за гориво во САД пред летната сезона.мај.

Цената на американските фјучерси на нафтата WTI денеска изнесува 113,91 долар за барел, а на неделно ниво се зголемува за околу 0,7 отсто.

Слични содржини