Амбер Херд: Само сакам Џони да ме остави на мир

од Stefanija Kuzmanovska
352 прегледи

Амбер Херд рече дека сака само холивудскиот актер Џони Деп „да ја остави на мир“ и дека добива многу смртни закани за време на нејзиното последно сведочење во тужбата што нејзиниот поранешен сопруг ја поднесе против неа.

„Редовно добивам стотици смртни закани, ако не и секој ден. Илјадници од почетокот на судењето. Луѓето се потсмеваат со моето сведочење за нападот. Се надевам дека никој нема да мора да помине низ такво нешто. Само сакам Џони да ме остави на мир“, рече 36-годишната актерка Амбер Херд.

Џони Деп (58) ја тужи Амбер Херд за клевета, тврдејќи дека тоа му го уништило угледот и кариерата бидејќи во колумна објавена од Вашингтон пост во 2018 година, таа напишала дека била изложена на семејно насилство за време на бракот, без да го наведе името на Деп.

Херд поднесе противтужба и бара отштета од 100 милиони долари поради тврдењата на поранешниот адвокат на Деп, Адам Валдман, дека нејзините наводи за злоупотреба се „измама“.

Слични содржини